Саудиска Арабија станува остров?

Сподели со своите пријатели

По големата дипломатска криза, Саудиска Арабија сака физички да се раздели од Катар, да стане остров и како што пишува Бизнис Инсајдер, Владата на Саудиска Арабија веќе распишала конкурс за проектот „Канал Салва“ вреден 745 милиони долари, на кој се пријавиле пет интернационални компании.

Каналот долг 61 километар би требало да биде прокопан до крајот на годината. Ќе биде широк 200 метри и длабок околу 20 метри.

Туристи масовно одат во Саудиска Арабија за да пијат урин од камила (видео)

Loading...

Каналот ќе има и туристичка функција, Саудиска Арабија планира на бреговите на каналот да направи одморалишта и пристаништа, или се заканува со воена база и депонија за нуклеарен отпад кон Катар, пренесуваат агенциите.

Саудиска Арабија веќе претходно зазема гранични премини во Салва, со што на Катар му ја пресекоа единствената врска со копното.

Веста за физичко одделување не ги изненади познавачите на оваа подрачје затоа што соседите веќе некое време се изолираат од Катар.

Што да прави кралот кога златните скали ќе се расипат при слетување на авионот кај Путин? (видео)

Египет и Емиратите ги прекинаа дипломатските врски со Катар затоа што се сомневаат дека ги финансира регионалните терористички групи.

Исто така бараа Катар да ја згасне Ал Џазира, мрежата која ја финансира државата.

Прехотдно во јуни, кралот на Саудиска Арабија се закани кон Катар со воена акција ако постават руски систем за воздушна одбрана.

Leave a Reply