Самсунг го претстави најголемиот телевизор во светот

Сподели со своите пријатели

Самсунг во Лас Вегас на CES 2018 го претстави огромниот 4К телевизор под името „The Wall“, а исто така компанијата тврди дека ова е прв модуларен телевизор во светот.

Моделот има 146 инчи, односно во дијагонала е долг 370,8 сантиметри и користи MicroLED технологија за да прикаже слика и има многу погодности со OLED екраните. Секој микроскопски LED пиксел емитува сопствено светло и не му е потребно дополнително позадинско осветлување. Поради тоа телевизорот има богати бои и длабока црна каква што гледаме и на скапите OLED телевизори.

Бидејќи ова е прв модуларен телевизор, значи дека околу екранот нема рамка, а тоа овозможува да се вклиопува во величините според потребите на сопственикот, но компанијата не открива детално дали тоа ќе го прави во пракса.

Самсунг вели дека овој пристап ќе им овозможи на купувачите да креираат ТВ големина за своите потреби. Компанијата се уште не открива многу специфичности за тоа како ќе функционира, меѓутоа само вели дека модуларниот екран може да се користи за креирање дисплеј со големина на ѕид или едноставно потрошувачите може да ја зголемат својата традиционална величина на екранот во рамките со новата просторија во куќата. Исто така, не откриле и од колку модули е составен телевизорот.

Засега „The Wall“ се сведува на концепт, но Самсунг има многу реални планови за комерцијализација. Повеќе информации се ветену за глобалното лансирање на телевизорот, оваа пролет.

Независно од конечната форма, можете да сметате дека овој телевизор е екстремно скап и наменет за инсталации на домашно кино со висок финансиски ранг.

Loading...