Во Салонот на Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово, утревечер со почеток од 19:00 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академската уметница Деа Салихи од Куманово.
Станува збор за нејзина прва самостојна изложба под работен наслов „Фрагменти од светот на жената“ на која ќе биде прикажана продукција од 20 ликовни дела, работени во различни ликовни техники на сликарство, графика и скулптура.
Деа Салихи е родена 1997 година во Куманово. Дипломирала сликарство во 2020 година на Факултетот за ликовна уметност во Тетово, во класот на проф. Решат Амети.
Досега со своето творештво зела учество на повеќе групни изложби и ликовни колонии. Живее и работи како слободен уметник во Куманово и Тетово.
За ликовната публика изложбата ќе биде поставена до 14 септември 2022 година.
Никола Ивановски