Боинг 747 претворен е во хостел „Џамбостеј“ со голем број удобни соби, кои во внатрешноста имаат дури и сопствен бар.
Ноќта во авионот најчесто ја доживуваме како непријатност, тешко е во седечка положба да се потоне во сон, просторот е тесен, во позадина се непријатните звуци на авионскиот мотор.
Меѓутоа, сега е овозможено сосема ново искуство, ќе бидете сместени во удобен душек, исправени, со пијалаци и топол оброк, но се една важна разлика, всушност нема да патувате, пишува Мирор.
Од авионот на моделот Боинг 747-212В од 1976 година извадени се сите 450 седишта и целата кабина е поделена во соби за спиење и неколку комфорни апартмани, од кои еден е сместен во поранешната пилотска кабина.
Се наоѓа во Стокхолм, на многу достапна, а притоа симболична локација, покрај аеродром, од каде на гостите им е обезбеден бесплатен автобус до терминалот.
За разлика од спиењето во авионот на кое сте навикнале, тука имате доволно простор за нозете, можете фино да се исправите, а оние кои се во „првата класа“ имаат и многу удобни кревети во кои може да се преспие.
Идејните творци мислеле на се, па и на празните стомаци на посетителите. Хостелот има свој бар, каде можат да се порачаат пијалаци и грицки, но и обилен појадок, како и топли оброци.