Само со супа: Симнете четири килограми за седум дена

Сподели со своите пријатели

Овој оброк може да го носите секаде со себе.

Loading...

Диетата со супа се базира на чорбеста храна која лесно се вари, а ги содржи сите неопходни нутритиенти и разновидни намирници за секој ден. Трае седум дена, а може да изгубите и до 4 килограми. Поента е секој оброк да ви биде домашна супа, и тоа во неограничени количини.

Domaća supa

 Тоа може да биде крем супа, бистра супа, супа со месо или зеленчук. Обидете се за тие седум дена да ги исфрлите сите вештачки преработени намирници, нездрави грицки и слатки. Јаглените хидрати намалете ги на минимум, а во супата додавајте пилешко бело месо, фета сирење, грашок, грав, бидејќи се богати со протеини.

Во почеток ќе ви биде малку напорно, бидејќи супите ќе морате да ги варите однапред. Секако, можете да јадете еден вид супа цел ден, што од друга страна, може да ви здосади.

Една голема супена чинија содржи до 300 калории. Порциите може да ги носите и на работа во термос флаша, а може и да ги смрзнувате.

Добрата страна на супената диета е што овој оброк може да го јадете секогаш кога сте гладни.

Многу е битно да бидете свесни дека постојат некои диети кои можеби не одговараат на вашиот организам. Се случува често да чувствувате глад, да го почитувате режимот на исхрана а да не слабеете. Во случај истото да ви се случи со супената диета, време е да ја побарате онаа диета која одговара на вашиот метаболизам.

Loading...

 

 


Leave a Reply