Салонот за масажа и телесна хармонија ”Физио – Макс” наскоро на нова локација

Сподели со своите пријатели

Доколку сте го посетиле салонот за здраво тело и телесна хармонија ”Физио – Макс”, веќе знаете за што станува збор. Но,  за оние кои не знаат многу за еден од најдобрите салони за масажа во Куманово, дозволете да ви објасниме накратко за што станува збор.

Loading...

Физио-Макс е професионален салон за масажа, здраво тело и телесна хармонија во кој работи неуморен тим составен од врвно професионални искусни дипломирани физиотерапевти, одговорни да го дадат одговорот на сите ваши прашања поврзани со психофизичката состојба на вашето тело.

DSC_0012

Со модерни методи и сосема различен амбиент кој ќе ве расположи и на момент ќе ве одалечи од стрестниот живот, може да се ослободите од вашите проблеми и болки во вратот, грбот, нозете, рацете…

Физио – Макс нуди ефикасни третмани за болки во кичмата, дискус хернии, спондилозни промени, корективни третмани за сколиози, кинезитерапија, враќање на изместени сегменти со едноставни безболни најнови методи, ослободување од стрес и напнатост, решение за уморни и болни стапала, рефлексологија и акупресура, како и ефикасно намалување на мигрена.

11354439_10207087837016577_1970333801_o

Освен тоа може и да добиете и релаксациони масажи, масажи со мед, масажа на лице против брчки, спортска и антистрес масажа и лимфна дренажа…

Во Физио-Макс се прават и најефикасните антицелулитни масажи со најголем ефект на рачни и целосни третмани кои се актуелни насекаде во светот, со ултразвучна кавитација радиофреквенции, вакумско разбивање на масти и сето тоа во сигурни раце на професионалци кои знаат како се движи лимфата, крвната циркулација и целосната анатомија, за да подоцна не се создадат било какви компликации.

Loading...

fotoshopirana

Сега има место каде може да бидете во сигурни раце.

“ Ние во Физио-Макс се грижиме за здравјето на нашите клиенти, ги вадиме најдобрите резултати во секој сегмент од нашата област, професионално ги вршиме нашите услуги со квалитетен дипломиран кадар и сертификати за нашата работа, и сето тоа во нашиот салон каде што ќе се чуствувате пријатно и опуштено, велат од Физио – Макс.

11293436_10207087834936525_1160699921_o

Во текот на двегодишното постоење, Физио Макс трасираше патека на сигурен успех и добро здравје за своите посетители..

Ако сте подготвени за нешто ново, нешто што навистина функционира, ако сакате да бидете третирани од насмеан и дружељубив тим, ако сакате да не чекате за својот термин во редици на клупи и слично, тогаш посетете го Физио – Макс и препуштете се на убавините и магијата која ја крие масажата и уживајте.

Салонот Физио – Макс од почетокот јуни се сели на нова локација. Од просториите лоцирани на 3 МУБ, отсега стручниот тим на Физио Макс ќе можете да го најдете на ул. Панче Пешев бр. 15 (тесната уличка спроти кабаре клубот ”Тунел”).

Leave a Reply