Милијардерот Илон Маск го поддржа мислењето на американскиот бизнисмен Дејвид Сакс, кој рече дека Украина ќе изгуби повеќе територии доколку одбие да преговара.
Сакс на X напиша дека Украина „засекогаш ги изгубила Крим, Доњецк, Луганск, поголемиот дел од Херсонската област и Запорожје“.
Според неговото мислење, доколку Киев сега не склучи „мировен договор“, ќе ги загуби и Харков, Одеса, „останатиот дел од регионот Херсон и многу повеќе“.
Тој додаде дека „арогантните патриоти“ мислат дека ѝ помагаат на Украина, но само ја распарчуваат.
– Според мене, вашата проценка е точна – ја коментирал Маск објавата на бизнисменот.
Ukraine has lost Crimea, Donetsk, Luhansk, most of Kherson, and Zaporizhzhia forever. If it doesn’t negotiate a peace deal now, it will also lose Kharkiv, Odesa, the rest of Kherson, and more. The flag wavers who think they’re helping Ukraine are just dismembering it.
— David Sacks (@DavidSacks) December 12, 2023
Москва постојано укажуваше дека е подготвена за преговори, но Киев ги забрани на законодавно ниво.
Западот постојано ја повикува Русија да преговара, за што Москва покажува подготвеност, но Западот ги игнорира постојаните одбивања на Киев да се вклучи во дијалог.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.