Момче од Русија, кое не сакало да губи време со напорни тренинзи за да ја зголеми својата мускулна маса, си вбризгувал синтолски инекции во рацете. Сега бара парична помошт за да замине на операција во Велика Британија.
Кирил Терешин (22), кој го добил прекарот „Попај“ рекол дека е потребно да замине на лекување за да ги спаси бицепсите кои сега се толку огромни и му се заканува ампутација на раката.
Објаснувајќи како рацете му станале толку големи, Кирил рекол дека неговиот првобитен план бил вбризгување масло во други делови од телото.
– Одев во теретана две години пред да бивам повикан во војска. Се плашев дека ќе изгубам на сила, па самиот решив да пробам синтолско масло. Кога завршив воена служба, зпаочнав да се трансформирам и работев сам дома. Мајка ми многу беше загрижена за она што го правам, но сега е добро затоа што знае дека синтолот може да биде отстранет, рекол тој.
„Попај“ признал дека планирал синтолот да го вбризга и во останатите делови од телото, но решил да престане да го користи кога се појавиле проблемите.
– Моите раце сега се во лоша состојба, а јас основав фонд за да соберам пари за лекување во Европа кое чини 42.000 евра. Би сакал тоа да го сторам во Велика Британија, но најважно е третманот да биде успешен, рекол тој.
Поради својот необичен изглед привлекол големо внимание, па додека на интернет луѓето го критикуваат, сакаат да се фотографираат со него кога ќе го сретнат во јавноста.
– Сигурен сум дека имам фанови и во Британија, рекол Кирил, со надеж дека ќе успее да ги сочува рацете.
Фото: Instagram/ruki_bazuki_official