САД се пофалија дека бродовите ќе минуваат низ Панамскиот канал без надомест, Панама негира

Сподели со своите пријатели

Управата на Панамскиот канал ги негираше тврдењата на американскиот Стејт департмент дека бродовите на американската влада ќе можат да минуваат низ каналот без да платат такса.

Loading...

Управата на каналот, која е автономна агенција надгледувана од панамската влада, во соопштение во средата рече дека не одобрила никакви промени на патарините или правата за преминување преку каналот, објави Ројтерс.

Стејт департментот претходно во средата објави дека Владата на Панама се согласила повеќе да не наплаќа транзитни такси за бродовите на американската влада.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека Америка ќе ја врати контролата врз Панамскиот канал.

Трамп ја обвини Панама дека наплатува високи такси за користење на Панамскиот канал, еден од најпрометните во светот.

Тој, исто така, постојано тврдеше дека Панама и ја отстапила контролата на каналот на Кина, што и Панама и Кина го негираат, пренесува Танјуг.