32-годишна жена од американскиот град Бајрон, Вајоминг, ги убила своите три ќерки, а четвртата тешко ја повредила пред да се самоубие, соопшти локалната полиција, пренесуваат американските медиуми.
Полицијата на округот Биг Хорн објави нови детали за страшниот инцидент.
Триесет и двегодишната Трањел Харшман ги застрела своите четири ќерки, убивајќи три, додека седумгодишното девојче и понатаму е во критична состојба со тешка повреда на главата.
По извршувањето на злосторството, Харшман се застрела и во себе.
Таа се јавила на 911 околу 13:30 часот во понеделникот и рекла дека нејзините деца биле застрелани и дека верува дека се мртви, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Биг Хорн.
За време на нејзиниот разговор со диспечерите, таа опишала каде полицајците ќе ги најдат телата.
„Две деца се горе во креветчиња, додека другите две деца се долу во заедничка спална соба“, се вели во соопштението.
Жената тогаш најавила дека ќе пука во себе и дека ќе ја најдат во спалната соба.
Диспечерите се обиделе да ја задржат на линија додека не дојде полицијата, но таа рекла дека не може да чека и дека е предоцна, пренесува Index.hr.
Полицијата пристигнала на местото на злосторството набргу по прекинот на повикот.
По пристигнувањето на местото на злосторството, полицијата затекнала страшни сцени.
Две девојчиња на возраст од 2 и 9 години биле мртви, додека уште едно двегодишно и седумгодишно девојче се уште давале знаци на живот.
За жал, двегодишното девојче починало набргу откако пристигнала брзата помош.
Седумгодишното дете со хеликоптер беше пренесено во болница во Билингс во критична состојба, а потоа во болница во Солт Лејк Сити.
Полицијата соопшти дека нејзината состојба и понатаму е неизвесна.
Трањел Харшман почина во болница еден ден подоцна.