САД го запленија авионот што го користеше венецуелскиот претседател Николас Мадуро и го префрлија од Доминиканската Република на Флорида, откако утврдија дека неговото купување ги прекршува американските санкции, објави американското Министерство за финансии.
Loading...
Американските власти веруваат дека авионот бил незаконски купен за 13 милиони долари преку нафтена компанија и илегално бил пренесен во Доминиканската Република, изјави јавниот обвинител Мерик Гарланд.
Официјални лица велат дека заплената била извршена во тесна соработка со властите во Доминиканската Република.
– Ова е порака дека никој не е над законот, никој не е надвор од дофатот на американските санкции – изјави еден функционер за Си-Ен-Ен.