САД, Франција, Германија и Велика Британија повикаа на смирување на тензиите во Сирија

Сподели со своите пријатели

САД, Франција, Германија и Велика Британија повикаа во заедничка изјава за смирување на тензиите во Сирија, каде бунтовничките групи презедоа контрола врз неколку области.

Loading...

Ги повикуваме сите страни да ги смират тензиите и да ги заштитат цивилите и инфраструктурата со цел да се избегне понатамошно раселување и нарушување на испораката на хуманитарна помош“, се вели во синоќешното заедничко соопштение.

Се додава дека поради ескалацијата на конфликтот во Сирија, во кој бунтовниците им зададоа тежок удар на властите на претседателот Башар ал Асад, „потребно е итно решение“.

Коалицијата на бунтовнички групи предводена од исламистите започна брза офанзива што и овозможи да ја преземе контролата над поголемиот дел од Алепо, вториот по големина град во Сирија, за прв пат од 2011 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од Ирак пристигнува засилување на сириската армија во борбата против бунтовниците

Бунтовничките борци зазедоа неколку градови пред да стигнат до Алепо.