Руските сили повторно ја нападнаа Одеса со дронови, еден од нив беше соборен од противвоздушна одбрана, а два погодија воен инфраструктурен објект, соопшти денеска шефот на регионалната воена управа Сергиј Братчук.
Loading...
Тој изјави дека населението е евакуирано поради пожарот и детонацијата на муниција, пренесува Интерфакс Украина.
Според првите информации нема повредени.
Пожарот се гаси.
Во напад со беспилотно летало на Одеса на 23 септември, две лица загинаа, а две беа повредени, објавија тогаш регионалните власти, пренесе Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.