Рускиот пратеник и член на ултрадесничарското движење за национално ослободување (НОД) Евгениј Федоров јавно ја призна загубата на руската Црноморска флота и повика на прифаќање на овој пораз за да се разбере што понатаму.
„Денес Руската Црноморска флота престана да постои како борбена единица. Русија претрпе катастрофален пораз на море“, рече Федоров.
Тој додаде дека руската Црноморска флота се уште физички постои, но таа е целосно уништена.
„Руската флота, како оперативен механизам во Црното Море, не постои! Физички не е отсутна, но е неефикасна во однос на борбеното присуство. Тоа е факт. Сетете се како започна се. Се сеќавате ли на Змискиот остров? Успеавме да го контролираме секој украински брод, НАТО не можеше да ја снабди Украина со оружје. Сега не можеме.“
Тој тврди дека го предвидел поразот на Црноморската флота додека Змискиот остров бил под руска контрола и се подготвувало амфибиското слетување во Одеса.
„Путин и Медведев се во право: НАТО не може да биде поразен на вообичаен начин“, рече Федоров.