Руски напад на Харков – седум мртви, 34 повредени

Сподели со своите пријатели

Седум лица го загубија животот, а 34 се повредени во руски напад врз станбена зона во Харков, голем град во североисточна Украина, соопшти државното обвинителство.

Loading...

„Руските окупатори гранатираа станбени згради во Слободниот округ во Харков. Оштетени се десетина куќи и магацин на тролејбус. Според првите извештаи, седум лица загинале, а 34 се повредени, меѓу кои и три деца“, се вели во соопштението.

 

Украина тврди: Русите прават голема мобилизација

 

Покрај тоа, во Дергачи, во близина на Харков, „најмалку три лица загинаа, а седум се ранети“ во гранатирање на станбена зона, изјави градоначалникот Вјачеслав Задоренко на Фејсбук.

Тој додаде дека сите жртви се цивили.

Шест лица загинаа, а еден е ранет во околината на Доњецк, на истокот на земјата, во руски напади, објави на Телеграм шефот на регионалната воена администрација Павел Криљенко.

Loading...

 

Генерал Мизинцев: Русија отвора коридор од Мариупол

 

Исто така на истокот на земјата едно лице го загубило животот, а три се повредени кога руска граната погодила болница во градот Рубижне, изјави претходно гувернерот Сергеј Хајдаи.

Украинските власти во саботата оценија дека руските сили се повлекуваат од северот на Украина на исток и југ.

Руската армија неодамна објави дека офанзивата ќе ја насочи кон исток, каде што е Донбас.