Руски авион МиГ-31 се запали и падна во езеро (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руски борбен авион МиГ-31 паднал во езеро веднаш откако се запалил за време на тренинг лет, тврдат руските медиуми.

Loading...

Авионот се урна во средата во северниот регион Мурманск, јави новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Несреќата се случила на десет километри од градот Монхегорск, во близина на островот Риж-Губа.

Пилотот изгубил контрола

За време на летот, еден од двата мотори експлодирал, по што пилотот изгубил контрола над леталото, кое паднало во блиското езеро, соопшти Министерството за одбрана.

Се наведува дека и двете лица кои биле во авионот се катапултирале.