Руската армија воведе „режим на целосен молк“ во Мариупол

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека руската армија го запрела огнот и отворила хуманитарен коридор преку кој украинските борци кои доброволно го положиле оружјето можат да ја напуштат фабриката Азовстал во Мариупол.

Loading...

 

Опсадата на Мариупол дополнително ги усложни преговорите

 

За таа цел во 14 часот беше воведен „режимот на целосен молк“, прекинати сите акции на руските вооружени сили и формирањето на самопрогласената Доњецка Народна Република по целиот периметар на Азовстал, а единиците беа повлечени во безбедно растојание, изјави генерал-полковник Михаил Мизинцев од Рускиот центар за контрола на националната одбрана, пренесува Интерфакс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

 

Зошто Путин сака да го заземе Донбас?

 

Loading...

Руската армија најави дека ќе го гарантира животот на сите украински војници кои ќе го положат оружјето и ќе го напуштат Мариупол по хуманитарните коридори и вети дека ќе ги почитува Женевските конвенции за постапување со воените заробеници, пренесе Интерфакс.