Руските сили продолжуваат со обидите да ја опколат Авдијевка, соопштија денеска украинските воени претставници.
Портпаролот на 110-та оклопна бригада Антон Коцукон изјави дека на три страни од градот се концентрирани околу 40.000 руски војници.
„Нема индикации дека Русите ќе се откажат од своите планови да ја опколат Авдиевка“, рече Коцукон, пренесе Ројтерс.
Според него, руската армија си игра „мачка и глушец“ со нив, со тоа што користи голем број беспилотни летала, а истовремено распоредува артилериски сили за зајакнување на одбраната на градот, пренесува Танјуг.
Генералот Олександр Тарнавскиј, командант на јужните сили на Украина, рече дека нивните војници околу Авдијевка „цврсто држат одбранбени позиции“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.