Руска ВИ ги препознава емоциите на корисникот врз основа на неговиот глас

Сподели со своите пријатели

Руската компанија Yandex претстави нова невронска мрежа која може да ги препознае емоциите на корисникот врз основа на неговиот глас.

Loading...

Програмерите истакнуваат дека новиот производ базиран на вештачка интелигенција (ВИ) може да помогне во создавањето виртуелни оператори во центрите за повици или гласовни асистенти, пренесува Комерсант.

Невралната мрежа на Yandex може да препознае груб јазик, негативен тон и неформални изјави, полот на говорникот и неговите фрази во дијалогот, а во иднина ќе може да препознае несигурност и сарказам во гласот.

Невронската мрежа брзо ќе реагира на итни конфликтни ситуации со клиентите бидејќи може директно да ги анализира емоциите за време на разговорот.

Вештачката интелигенција, на пример, ќе испрати автоматски извештај до раководството ако заклучи дека човечки оператор е груб со клиентот

Таа ќе ги анализира разговорите за да открие која тема или формулација на операторот предизвикува негативни емоции кај клиентот, пренесува Танјуг.