Руска подморница забележана во близина на Филипините

Сподели со своите пријатели

Руска нападна подморница е забележана во близина на филипинскиот брег во Јужното Кинеско Море, соопшти денеска филипинската војска, додека претседателот Фердинанд Маркос ја нарече „многу загрижувачка“.

Loading...

Според филипинската војска, подморницата УФА 490 била забележана во четвртокот на 148 километри западно од Кејп Калавита, на островот Миндоро.

„Секој упад во нашето Западно Филипинско Море, нашата ексклузивна економска зона и нашите основни линии е многу загрижувачки“, им рече Маркос на новинарите.

Филипините испратија авион и брод да ја прегледаат подморницата, чиј екипаж изјави дека чекаат добри временски услови за да се вратат во Владивосток, Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Соработник на Путин: Русија ќе го отфрли мировниот договор на Трамп

Портпаролот на филипинската морнарица за Јужното Кинеско Море, Рој Винсент Тринидад, рече дека ситуацијата не е алармантна.

„Сепак, ние сме изненадени бидејќи тоа е навистина уникатна подморница“, изјави портпаролот за AFP.

Подморницата УФА, која последен пат беше видена во водите на Филипините во неделата, е долга 74 метри и е способна да истрела ракети Калибр-ПЛ со дострел до 12.000 километри, објави руската новинска агенција ТАСС.

Руската амбасада во Манила и филипинското Министерство за надворешни работи не ја коментираа веста.

Loading...