Русите го зазеле Межево и го отвориле патот за напад на Новогродовка

Сподели со своите пријатели

Руската армија ја презеде контролата врз населбата Межево во самопрогласената Доњецка Народна Република, соопшти руското Министерство за одбрана.

Loading...

„Како резултат на успешните акции на единиците на воената група Центар, беше ослободена населбата Межево во Доњецката Народна Република“, се вели во соопштението на руското Министерство.

Межево е населба на шест километри јужно од Прогресо, а руските единици систематски се движат во оваа насока.

Ден претходно, групата војници на Центар ја презеде контролата врз населбата Желано, која се наоѓа на пет километри југозападно од Прогресо и е дел од голем терен од кој се отвора патот за напад на Новогродовка, Мирноград, Селидово и Курахово.