Русија заработила 30 трилиони рубљи од договорите со ОПЕК+

Сподели со своите пријатели

За седум години Русија заработила 30 трилиони рубљи од договорот со ОПЕК+, склучен на крајот на 2016 година, објави шефот на рускиот Фонд за директни странски инвестиции (РФДИ), Кирил Дмитриев.

Loading...

„Русија, Саудиска Арабија и другите земји од ОПЕК+ се пример за конструктивна, креативна соработка, која е корисна за целиот свет“, рече Дмитриев, пренесува Комерсант.

Според некои, договорот ОПЕК + стана еден од најважните договори за светот во последната деценија, пренесува Танјуг.

На 30 ноември 2016 година, земјите членки на нафтениот картел ОПЕК се согласија да го намалат производството на нафта, а на 10 декември им се придружија уште 11 земји кои не се членки на таа организација, меѓу кои и Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

Сите учесници во картелот, кој оттогаш стана познат како ОПЕК +, се согласија да го намалат вкупното производство на нафта за 1,76 милиони барели дневно во однос на нивото од октомври 2016 година.

Русија го намали производството за 300.000 барели дневно.

Договорот беше продолжен неколку пати во текот на седумгодишниот период со различни корекции.