Русија за Северен тек: „Ова мириса на монструозно злосторство“

Сподели со своите пријатели

Помошникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев „апсолутно не бил вклучен“ во нападите на гасоводот „Северен тек“ и дека нема информации за тоа што се случило откако „Њујорк тајмс“ објави дека американските разузнавачи сугерирале дека нападот бил извршен од про-украинска група.

Loading...

„Без сомнение, Украина апсолутно не е вмешана во ексцеси на гасоводи“, изјави Михајло Подољак за Ројтерс. „Тоа нема ни трошка смисла“, нагласи тој.

Тој додаде дека Украина нема информации за тоа кој е вмешан, но рече дека можеби треба да се обвинат напорите на Русија за дестабилизација на регионот.

Русија: Ова мириса на монструозно злосторство

Во меѓувреме се огласи и Русија. Тие реагираа на дел од објавената статија во која се вели дека нема докази дека владата во Киев е поврзана со група која би можела да стои зад нападот.

Медиумските извештаи за нападите на гасоводите „Северен тек“ се координиран обид да се сврти вниманието и Кремљ е збунет како американските власти можат да претпостават нешто за нападите без истрага, соопшти Кремљ.

„Очигледно е дека авторите на нападот сакаат да привлечат внимание. Очигледно станува збор за координиран напад на медиумите“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за државната новинска агенција РИА.

„Како американските власти можат да претпостават нешто без истрага“? прашува Песков.

Песков, исто така, рече дека земјите акционери на „Северен тек“ треба да инсистираат на итна, транспарентна истрага.

Loading...

„Сѐ уште не ни е дозволено да учествуваме во истрагата. Пред само неколку дена добивме информација за ова од Данците и Швеѓаните“, рече Песков.

„Ова не е само чудно. Мириса на монструозно злосторство“, додаде Песков.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.