Запрашан за можноста за членство на Украина во НАТО, Генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг рече дека вратите на алијансата се отворени и дека тоа е докажано не само со зборови, туку и со дела со приемот на Северна Македонија и Црна Гора, како и со одлука да се поканат Финска и Шведска за членство.
„Русија беше против сите тие приеми. Тие се обидоа да го запрат процесот на пристапување на Северна Македонија и Црна Гора. Покажавме дека вратата е отворена и дека Русија нема право на вето за проширувањето на НАТО. Ова е порака и до Украина“, рече тој. нагласи тој.
Тој посочи дека НАТО и помага на Украина на патот кон членство преку долгорочна помош во воспоставувањето институции, реформите и преминот од советска во модерна опрема во согласност со стандардите на НАТО.
„Сето ова ќе и помогне на Украина да се придвижи кон евроатлантските интеграции“, посочи тој.
Столтенберг, на прашањето дали поддржува прогласување на Русија за земја која го поддржува тероризмот, рече дека она што е забележано во изминатите месеци се напади врз цивили, станбени области, училишта, болници и воени злосторства.
Столтенберг подвлече дека НАТО не е дел од конфликтот во Украина, бидејќи нема свои војници на теренот, но ѝ дава поддршка на Украина.