Во неделата, 23 јуни, Русија тврдеше дека САД се одговорни за украинскиот напад на анектираниот Крим во кој пет американски проектили убија четири лица, меѓу кои две деца, а рани 151 лице.
Министерството за одбрана во Москва соопшти дека американски експерти ги поставиле координатите на летот на ракетите Atacms врз основа на информации од американските шпионски сателити, директно поврзувајќи го Вашингтон со одговорноста.
„Одговорноста за намерниот ракетен напад врз цивили во Севастопол е првенствено на Вашингтон, кој ги испорачува овие проектили на Украина, како и на режимот во Киев, од чија територија беше извршен овој напад“, соопшти Министерството.
Од Министерството додаваат дека „ваквите постапки нема да останат без одговор“.
Во тој ракетен напад врз Севастопол загинаа три лица, меѓу кои две деца, а околу сто се ранети, соопштија локалните власти кои се под контрола на Кремљ.