Руското Министерство за внатрешни работи денеска објави дека издало потерница за тројца украински генерали, меѓу кои и заменик-врховниот командант на вооружените сили на Украина, Евгениј Мојјук, кој е осомничен за гранатирање на Донбас, при што загинале и раниле повеќе од 100 луѓе.
Се трага и за генерал-мајорите на вооружените сили на Украина Игор Палагњук и Андриј Ковалчук, пренесува Тас.
На крајот на јули, Рускиот истражен комитет во отсуство издаде обвиненија против Игор Палагњук, Евгениј Мојсјук и Андреј Ковалчук.
Како што е соопштено, тие командувале со единиците на вооружените сили на Украина кои гранатирале населби во самопрогласените Доњецк и Луганска народна република во 2016, 2017 и 2019 година, кога повеќе од 100 луѓе биле убиени или повредени, пренесува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.