Русија: Пропадна офанзивата на Украина во Краснолиманск

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Руската Федерација денеска соопшти дека офанзивата на украинските војници во областа Краснолиман во непризнатата Доњецка Народна Република пропаднала и дека во таа акција загинале повеќе од 70 припадници на украинската армија.

Loading...

„Како резултат на неуспехот на офанзивата на украинската армија на областа Краснолиманск, загубите на 66-та и 93-та механизирана бригада на вооружените сили на Украина изнесуваа повеќе од 70 мртви, четири тенкови, шест пешадиски борбени возила и три оклопни возила“, соопшти Министерството.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Руската Федерација Игор Конашенков изјави дека повеќе од 150 украински војници загинале во рускиот напад врз привремените бази во областа Харков, пренесува Тас.

„Повеќе од 150 милитанти се убиени во масовен ракетен напад врз привремените бази на 14-та и 92-та механизирана бригада на вооружените сили на Украина, во близина на населбите Дворечнаја, Кондрашовка и Петровка во областа Харков“, рече Конашенков.

Во нападот на работилница за поправка на воена опрема во регионот Запорожје, руските сили уништија 10 артилериски системи, меѓу кои и два од американско производство, објави Конашенков на својот редовен брифинг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.