Русија продолжува да гради безбедносна зона во Сумската област

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана денес објави дека изградбата на „безбедносната зона“ во украинскиот Сумски регион продолжила, откако руските трупи го ослободија Курскиот регион од украинската инвазија.

Loading...

„За време на активните офанзивни дејствија, селото Горнал во Курската област беше ослободено – последното населено место под контрола на украинските милитанти. Создавањето „безбедносна зона“ во пограничните области на Сумската област на Украина продолжува“, соопшти руското воено министерство, пренесува РИА Новости.

Руската армија на 26 април објави дека целосно го ослободила Курскиот регион, кој беше нападнат од украинските сили минатиот август, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  29 лица ранети во руски напад на Запорожје