Русија повторно испорачува гас на Летонија

Сподели со своите пријатели

Протокот на природен гас од Русија во Летонија беше рестартиран на 5 август, една недела откако беше запрен од рускиот извозник Гаспром, соопшти летонскиот оператор Conexus Baltic Grid (CBG).

Loading...

Гаспром во јули објави дека ја прекинува испораката на гас за Летонија откако ја обвини балтичката земја за кршење на условите за снабдување. Но, протокот на гас од Русија до Латвија вчера беше 43.393 MWh дневно, според CBG.

Барањето на Путин

Во март, Путин рече дека најголемиот светски производител на природен гас ќе бара од земјите означени како „непријателски“ поради нивниот став кон конфликтот во Украина да плаќаат за гас во рубли, пишува Sky News.

Европската комисија, која предупреди дека почитувањето на наредбата на Путин може да ги прекрши санкциите на ЕУ против Москва, ги повика компаниите од ЕУ да продолжат да плаќаат во валутата договорена во нивните договори со Гаспром, од кои повеќето се во евра или долари.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.