РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

Сподели со своите пријатели

Осомничениот за експлозијата на автомобил во Москва на 24 јули, Евгениј Серебрјаков, денеска им признал на руските истражители дека соработувал со украинските разузнавачки служби и дека го разнел автомобилот по наредба на агент на Службата за безбедност на Украина (СБУ), пренесува Интерфакс, повикувајќи се на снимката од сослушувањето објавена од Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Loading...

Се додава дека осомничениот признал дека му била ветена награда до 20.000 долари за убиство на припадник на руското Министерство за одбрана.

Агенцијата наведува дека Серебрјаков за време на сослушувањето рекол дека минатата година решил да соработува со украинските специјални служби, дека контактирал со нив преку интернет и понудил да убие припадник на руското Министерство за одбрана.

Тој изјавил дека потоа почнал да комуницира со извесен Ија, кој според неговите претпоставки „е вработен во СБУ“.

Серебрјаков, исто така, рече дека имал состанок во Истанбул со агентот и дека му биле дадени компоненти за составување на импровизирана експлозивна направа, како и предложил елиминирање на член на руското Министерство за одбрана.

Тој изјавил дека врз основа на упатствата составил експлозивна направа и ја ставил под автомобилот.

„Илја ми вети украинско државјанство и награда од 10.000 до 20.000 долари“, рече Серебрјаков.

Тој изутринава беше екстрадиран во Русија од Турција, каде беше уапсен во Бодрум на истиот ден со експлозијата на автомобилот, на 24 јули, соопшти Центарот за односи со јавноста на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Loading...

Автомобил експлодираше во Москва на 24 јули, а руското МВР тогаш објави дека детонирал предмет „кој бил вграден во автомобилот“.

Во експлозијата е повреден брачен пар.

Изворот за Интерфакс изјавил дека сопственикот на автомобилот е полковник на руските вооружени сили.