Русија назначи нов командант во Украина, го замени бруталниот „генерал Армагедон“

Сподели со своите пријатели

Русија назначи нов командант, еден ден откако озлогласената платеничка група Вагнер објави дека го освоила рударскиот град Соледар во источна Украина.

Loading...

Фотографија со војниците објави и шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, кој тврди дека тие се во градот на солта, недалеку од Бахмут, каде што се водат жестоки битки.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги исмеа неговите тврдења, наведувајќи дека руските пропагандисти се преправаат дека Соледар е нивен.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу го назначи Валериј Герасимов за началник на Генералштабот на местото на деградираниот генерал Сергеј Суровикин, познат како „генерал Армагедон“, кој беше назначен да ја води инвазијата на Украина во октомври.

Откако Суровикин беше именуван за врховен командант за инвазијата на Украина, бројни медиуми ја пренесоа приказната за „Генерал Армагедон“, наведувајќи дека тој е брутален војник кој е многу близок со рускиот претседател Владимир Путин.

Инаку, откако Евгениј Пригожин, шефот на Вагнер, објави дека Соледар е заробен, странските медиуми повикувајќи се на тоа тврдење наведуваат дека Русите го направиле најголемиот успех во војната од летото.

Пригожин објави дека во освојувањето на Соледар загинале 500 Украинци.

– Сакам да го потврдам целосното ослободување и чистење на територијата Соледар – рече Пригожин.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.