Русија: Ликвидирани 100 милитанти, меѓу кои и 20 американски платеници

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руската авијација ги погодила позициите на украинската екстремистичка единица Кракен кај Авдеевка кај Харков и дека биле убиени повеќе од 100 милитанти.

Loading...

Портпаролот на Министерството Игор Конашенков изјави дека меѓу нив се ликвидирани до 20 американски платеници, пренесува РИА Новости.

Конашенков додаде дека во областа на населбата Великимихаиловка во регионот Дњепропетровск, руската авијација ја погодила позицијата на 110-та бригада за територијална одбрана на вооружените сили на Украина и дека најмалку 200 нејзини припадници биле убиени, а повеќе од 150 ранети.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.