Ројтерс: Флотата на НАТО е 10 години зад Русија на Арктикот

Сподели со своите пријатели

Морнарицата на НАТО во регионот на Арктикот се 10 години зад руската во однос на воената технологија, пишува Ројтерс, повикувајќи се на податоци од Финскиот институт за меѓународни односи.

Loading...

Според Саму Паукунен, шеф на институтот, и покрај руската специјална воена операција, „поморската компонента на Северната флота (на руската морнарица) и стратешките бомбардери остануваат недопрени“.

Тој тврди дека Русија активно гради воени и хибридни капацитети на Арктикот.

НАТО смета дека влезот на Шведска во алијансата може да ги изедначи позициите во северниот регион.

– Ако се земат предвид сите сили предводени од Германија и со учество на Финска и Шведска, тоа може доста значително да го промени балансот на силите во Балтичкото Море – тврди Ник Чајлдс, член на Меѓународниот институт за стратешки студии.

– Ова ќе го отежне работењето на руската Балтичка флота во слободен режим, но сепак може да создаде проблеми за НАТО – додава тој.

Финска стана членка на НАТО на 4 април. Пред тоа, аплицираше за членство во Алијансата заедно со Шведска во мај 2022 година, но Турција го блокираше процесот на влез, барајќи да ги прогласи курдските организации за терористи и да екстрадира лица обвинети за тероризам или вмешаност во обидот за пуч во 2016 година.

Шведска ги продолжува консултациите за влез во НАТО.

Loading...