Режисерот Милчо Манчевски го посети бегалскиот центар на Табановце

Сподели со своите пријатели

Македонскиот режисер и сценарист, Милчо Манчевски, вчера го посети бегалскиот центар во Табановце, каде и одблиску се запозна со работата и севкупниот ангажман на граѓанските активисти кои четири месеци работат со бегалците и мигрантите од Блискиот Исток.

Loading...

За време на посетата, Манчевски направи серија фотографии кои идната година ќе бидат изложени во Скопје и Њујорк, посветени токму на бегалската криза во Македонија.

Иако приливот на бегалци од јужна страна бележи мала стагнација за разлика од деновите кога на северниот премин доаѓаа и по 6000 бегалци за едно деноноќие, во текот на вчерашниот ден, само во попладневните часови, со воз од Гевгелија пристигнаа близу 1000 бегалци со композиција составена од осум вагони.

Граѓанските активисти распоредени на преминот од каде бегалците заминуваат кон Србија, во текот на 24 часа, на сите пристигнати им делат храна, облека, вода и ќебиња, како и медицинска нега обезбедена од мобилните тимови на Црвен Крст.