РЕТКО ВИДЕНА ГЛЕТКА: Необична и мистериозна риба се насука на брегот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Минатата недела беше пронајдена огромна, шарена риба заглавена на брегот на Орегон, а од локалниот аквариум велат дека тоа е ретка појава.

Loading...

Опа рибата тешка 45 килограми, позната и како риба Месечина, е пронајдена на северозападот на земјата. Рибата е ретка појава во Орегон, изјави Сисајд Аквариумот со неколку снимки од рибата долга еден метар.

Кит Чендлер, генерален директор на Сисајд Аквариумот, изјави за Си-Ен-Ен дека опите се ретки во Орегон и дека рибата е во „одлична форма“.

„Тоа е кул риба што ретко ја гледаме на бреговите на Напим“, рече тој.

Опа живее длабоко во топлите и тропски води на океанот. Тие имаат необичен изглед со тркалезно, рамно тело и имаат разнобојни лушпи.

Рибата угинала кога работниците на Аквариумот ја пронашле и сега планираат да ја расчленат и проучат за група студенти со цел да откријат се што можат во врска со овој вид.

 

Loading...

Leave a Reply