Целта на казната за Трајко Бојковски е трајна и апсолутна изолација од слободното општество (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Серискиот убиец Трајко Бојковски денеска беше осуден на доживотен затвор откако судот во Куманово го прогласи за виновен за сите шест точки од обвинението против него кое опфаќа четири убиства и два обида за убиство.

– По спроведување на доказна постапкка, спроведени материјални докази, биолошки и ДНК траги, психијатриското вештачење и искази на оштетени жени жртви дадени во својоство на сведок, советот надвор од секој разум на сомневање на утврди фактичката состојба. Судот се соочи со еден од најтешките, најморничави и најкомплексни предмети во новата судска историја во оваа држава, сериско одземање на човечки животи со крајно девијантно поведение, рече претседателот на судскиот совет, рече претседателот на судскиот совет Мирсад Суроји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Циклонски бран носи врнежи од дожд

 

 

Како што истакна, Советот не пронашол ниту една олеснителна околност, туку се укажува на сторител кој манифестира крајна изопаченост, монструозност и отсуство на човечноста.

– Побудите поради кои ги одземал овие животи, задоволување на некрофилски нагони, претставува најтежок облик на деградирање на човечкото достоинство кое го сквернавел дури и по смртта на жрвите. Обвинетиот покажал висок степен на криминална упорност и целосен недостаток на емпатија и каење, додаде судијата.

 

 

Бојковски, додаде тој, претставува опасност за секој поединец и казната доживотен затвор е единствен можен одговор.

– Целта на ваквата казна не е ресоцијализација, затоа што за вакви дела, тоа е невозможно, туку трајна и апсолутна изолација од слободното општество, вели тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово утре го пречекува ГКК Штип

 

 

Обвинителот кој го застапуваше обвинението, Љубомир Лапе, смета дека судот правилно ја утврдил фактичката состојба.

– Судот правилно утврди дека ова се кривични дела од најтежок облик, грозоморни убиства од една страна, од друга страна дека за овој обвинет не постои можност за ресоцијализација и од тие причини ја изрече единствената казна која е соодветна, како за кривичното дело, така и за сторителот, рече Лапе.

Бојковски е виновен за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обидите за убиство на Росанка Трајковска и Слоботка Арсовска.

Бојковски останува во притвор до правосилност на пресудата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Армијата ќе презентира воена опрема и оклопни возила во Куманово

Никола Ивановски