Македонскиот суперлигаш Куманово го враќа Ренато Димитриевски во своите редови, откако искусниот кошаркар повторно ќе го облече дресот на клубот по една сезона помината во друга средина.
35-годишниот Димитриевски игра на позициите 3 и 4, а во неговата игра се издвојуваат пожртвуваноста, борбеноста и големото залагање во текот на натпреварите.
Димитриевски претходно две години беше дел од Куманово, при што настапуваше и во сезоната во која клубот обезбеди пласман во елитата, како и во првата сезона на екипата во Суперлигата.
Со неговото враќање, Куманово добива искусен и борбен играч кој добро ја познава средината и начинот на работа во клубот.
Димитриевски се очекува да биде значајно засилување за екипата во претстојните предизвици во Суперлигата, заедно со Бобан Стајиќ, Бојан Крстевски и Алек Петкоски, а во меѓувреме договорот го обнови и Андреја Стевановиќ.
Никола Ивановски

