Реченици кои мажот ќе ви ги каже доколку не ве сака: Барем еднаш некоја сте ја слушнале во животот

Сподели со своите пријатели

Секако, обрнете внимание на ситуацијата затоа што некогаш и во караниците кажуваме нешто што не сакаме. Сепак, ако често ви го кажува тоа, запрашајте се…

Loading...

Нависитна те сакам

Можеби ќе ви биде смешно, но постои разлика меѓу „те сакам“ и „навистина те сакам“. Секако тоа „навистина“ повеќе звучи како оправдување поради чувство на вина.

Прави што сакаш

Доколку ви го кажува тоа, можеби значи дека се дистанцирал од вас. Не го интересира што ќе направите и не размислува за тоа како да најдете решение за проблемот.

Си замислуваш

Првин се запрашајте дали само замислувате или навистина имате право. Често мажите за да ги оправдаат своите грешки и да не мора да се правдаат ќе ви кажат дека нешто си замислувате.

Ако не ти се допаѓа, најди некој друг

Loading...

Со ова покажува дека му е сеедно дали ќе бидете со него. Ова може да биде и некој вид уцена затоа што ќе се плашите дека ќе ве остави и тогаш ќе правите по негово. Не дозволувајте да манипулира со вас.

Не ти верувам

Ако вашиот партнер се сомнева и не ви верува, тоа покажува колку е несигурен во себе. Зарем да бидете со некој кој се сомнева во се што направите?

Немам за што да се правдам

Со ова покажува дека не ја гледа својата вина и дека нема нормален аргумент кој би го употребил. Ќе ја сврти вината на вас, а себе ќе се претстави како некој кој ништо не ви згрешил.

Тоа е тој проблем, а не мој

Саканата личност би требало да биде покрај вас и да ви помогне во решавањето на вашите проблеми. Доколку не сака да ви помогне, тогаш значи дека не му е грижа за вашите проблеми, а ниту за вас.

Leave a Reply