Реакција на „За наше Куманово” на непрофесионалното и неодговорно однесување на Левица – ЛО Куманово

Сподели со своите пријатели

Здружението „За наше Куманово“ денеска излезе со реакција на обвинувањата на Локалниот огранок на Левица од Куманово од каде дојдоа обвинувања дека нема оправданост за новите вработувања кои Советот ги изгласа за Јавното претпријатие „Водовод“.

Loading...

Реакцијата на здружението „За наше Куманово“ ја пренесуваме интегрално:

Додека советникот од политичката партија Левица ЛО Куманово, Никола Лазаревски, делува целосно незаинтересирано или спие на седниците на Советот на Општина Куманово, не доаѓа на координациите, не учествува во работата на комисиите на Советот, а за што истиот е платен со пари од граѓаните, на политичката партија Левица – ЛО Куманово и пречат најнеопходните вработувања на квалификуван дефицитарен стручен кадар за непречено функционирање на јавното претпријатие “Водовод” – Куманово, кои беа детално образложение од страна на в.д. директорот Оливер Стојмановски на 22-та седница на Советот на Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Куманово до 15 часот?

Јавните претпријатија и приватниот сектор се повеќе се соочуваат со недостаток од квалификуван стручен кадар поради енормното иселување на квалификувани работници од нашата земја во странство, а најмногу поради ваквото неодговорно однесување од носители на јавни функции и народни избраници.