Расте бројот на повредени во гранатирањето на Харков

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека имало најмалку четири ракетни напади во текот на ноќта.

Loading...

„По гранатирањето имаше многу голем пожар во областа Холоднохир. Изгорена е управната зграда. Според раководството на Државната служба за вонредни состојби, таа почнала да се урива. Исто така, околу десет автомобили горат во близина на оваа зграда“, рече тој.

Во синоќешните напади пет лица се повредени, меѓу кои и едно дете, соопшти шефот на Регионалната воена управа во Харков, Олег Синегубов.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.