Рамзан Кадиров го ожени синот: Свадбената поворка снимена тајно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Се ожени Ахмат Кадиров, 17-годишниот син на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Loading...

Неговата сопруга е наводно Тамила Махматова, но за невестата не се знае многу.

По повод венчавката, во главниот град на Чеченија, Грозни беше организирана раскошна прослава, а за свадбената поворка непречено да помине низ градот, улиците биле испразнети од жители.

Исто така, никој не смеел да ја снима свадбената поворка.

А сепак, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа колона луксузни автомобили.

Снимањето барало многу храброст, бидејќи пред свадбата полицајци ги посетувале куќите и го предупредувале населението за забраната.

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин лично му ја честиташе венчавката на Ахмат Кадиров, едно од 14-те деца на Кадиров.

Како што беше објавено во септември 2022 година, Сергеј Кравцов, рускиот министер за образование, ја поддржа иницијативата за назначување на тогаш 16-годишниот Ахмат Кадиров за претседател на советот за деца и млади „Движење на првиот“.

Loading...

Министерот Кравцов тогаш ветил дека на секој можен начин ќе го поддржи Кадиров помладиот, пренесува Јутарњи лист.

По назначувањето, Ахмат се сретна и со Путин, за што објави на неговиот канал Телеграм.

„Тоа беше неофицијална средба на која внукот на првиот претседател на Чеченија разговараше со Путин за политиката кон младите во тој регион“, се наведува во изданието.

 

 

На крајот од средбата Путин му честитал на Кадир за претстојната венчавка.

Патем, во Северен Кавказ сè уште постои обичај да се венчаат многу млади.

Loading...

Иако малолетниците не можат да стапат во брак според руските прописи, локалните власти можат да одобруваат бракови уште на 16 години.

Но, во Чеченија сè уште има случаи на брак на 14-годишна возраст.