Путин одлучи: Русија започнува своја „Евровизија“

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за формирање на нов меѓународен музички натпревар наречен „Интервизија“, кој оваа година ќе се одржи во Москва, пренесе Интерфакс.

Loading...

Овој натпревар ќе го замени учеството на Русија на Евровизија, откако Европската радиодифузна унија ја исклучи од натпреварувањето во 2022 година поради војната во Украина.

Натпреварот ќе го надгледува Кремљ, а за претседател на Организацискиот одбор е назначен вицепремиерот Дмитриј Чернишенко, додека за претседател на Надзорниот одбор е назначен првиот заменик-шеф на претседателската администрација Сергеј Кириенко.

Идејата за формирање на конкурс беше дискутирана и од руската министерка за култура Олга Љубимова, која предложи да започне „Интервизија“ во ноември 2023 година, додека специјалниот претставник на претседателот за меѓународна културна соработка, Михаил Швиткој, минатиот септември рече дека се очекуваат околу 20 земји да учествуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Првиот човек на НАТО: Јасно ви кажувам, мора да се подготвиме за војна!

„Интервизија“ повторно се лансира по претходното издание во советскиот период, кога натпреварот се организираше меѓу 1965 и 1968 година, а потоа повторно во 1977 и 1980 година, во рамките на сојузничките земји за време на Студената војна.

Како што пренесува порталот Политико, според руските власти, „Интервизија“ ќе привлекува земји од различни делови на светот, вклучително и Латинска Америка.