Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска на Денот на космонаутиката ќе го посетат космодромот Восточни во областа Амур во Русија.
Loading...
Предвидена е билатерална средба на лидерите, по што тој ќе се обрати пред новинарите, а ова е прво регионално патување на рускиот претседател годинава, пренесува ТАС С.
Според прес-службата на Кремљ, Путин ќе им додели државни награди на космонаутите и заедно со Лукашенко ќе се сретне со работниците на космодромот.
Потоа, лидерите ќе разговараат за билатералните односи и за подобрување на интеграциската соработка во рамките на Унијата на држави, наведува руската агенција.
Loading...