Путин му понуди помош на Катар за Мундијалот

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин му посака среќа на Катар да биде домаќин на Светското првенство и понуди помош стекната од искуството од пред четири години.

Loading...

Катар ќе стане првата арапска земја домаќин на Светското првенство на ФИФА (20 ноември – 18 декември).

Пристигнувањето на повеќе од 1,5 милиони фанови од целиот свет се очекува во малата заливска земја, која, сметајќи ги странците кои живеат во Катар, има население од три милиони луѓе.

Русија беше домаќин на претходниот Мундијал во 2018 година, а Путин во четвртокот разговараше во Казахстан со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Русија доби забрана за учество на Светското првенство поради воената инвазија на Украина.