Путин го посети командантот на руската армија во Украина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин ги посети командантот на руската армија во Украина и други високи офицери откако Украина објави успех во контраофанзивата на југоисточниот фронт.

Loading...

„Владимир Путин одржа состанок во седиштето на групата за специјални воени операции во Ростов на Дон“, се вели во соопштението на Кремљ.

Путин се сретна со Герасимов

Кремљ додаде дека Путин ги слушал извештаите на Валери Герасимов, началник на Генералштабот на армијата, кој е и врховен командант на силите во Украина, и други високи воени команданти и офицери.

Претходно Украина, чијшто напредок во контраофанзивата е побавен од очекуваното, објави дека ослободила мало село за прв пат од јули.

Кремљ не соопшти никакви дополнителни детали за средбата и не е јасно кога се одржала.

На видеата објавени од државната новинска агенција РИА се гледа како Герасимов го поздравува Путин, очигледно ноќе, и го води во зградата откако се ракува.

Герасимов беше цел на остри критики на Пригожин

Герасимов, кој ретко се појавуваше во јавноста во последните месеци, беше цел на остри критики од водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин и некои руски воени блогери за неговиот неуспех во војната против Украина.

Во Ростов-на-Дон, град на околу стотина километри од украинската граница, се наоѓа командата на рускиот јужен воен округ.

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.