Две лица се убиени, а 35 се повредени откако избувна пукотница на улична забава во американската држава Џорџија, објавија денес локалните власти.
Дваесет и пет повредени се однесени во болница, објави CBS News.
Пукањето се случило во раните утрински часови во градот Вејена, а заменик-шерифите слушнале истрели околу 1:25 часот по локално време додека патролирале во областа.
Бирото за истраги на Џорџија соопшти дека кога полицајците пристигнале на местото на пукањето, пронашле повеќе застрелани лица.
Две лица кои претрпеле смртоносни повреди биле пронајдени неколку блока подалеку од местото каде што истражителите велат дека започнало пукањето.
Шерифот на округот Дули, Крег Пиви, изјави дека повеќе од 1.000 луѓе се собрале по улицата Пајн за да ја прослават годишнината од повторното обединување на поранешните студенти и локалното население, а најмалку 50 истрели биле испукани на две различни локации.
Властите не објавија информации за можен осомничен или потенцијален мотив за пукањето, ниту пак јавно ги идентификувале мртвите и повредените.
Округот Дули го вклучува и градот Вајена, кој се наоѓа околу 50 милји јужно од Мејкон.

