ПСК „Поларис“ реализираше успешна акција за пошумување (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

ПСК „Поларис“ реализираше успешна акција за пошумување на ридовите околу манастирот „Свети Георгиј“ во селото Бељаковце и црквата „Св. Ѓорѓи“.

Loading...

 

 

На акцијата за пошумувањето учествуваа 40-тина членови на клубот и беа засадени 500 садници околу манастирот.

„Идејата за пошумување околу манастирот во селото Бељаковце ја имавме веќе некое време, ама поради зимата и поради временските услови не успеавме да ја реализираме. Чекавме поволни временски услови, викенд каде што ќе имаме убаво време за да може што поголем број на членови од клубот да учествуваат со цел да засадиме што повеќе садници. Дента имавме 500 садници – 300 зимзелени садници и 200 садници јасен, кои успешно ги засадивме околу манастирот и на дел од ридот кој е спроти манастирската црква, изјави Бобан Стефановски, претседател на ПСК „Поларис“.

 

Loading...

 

Стефановски изрази надеж дека садниците ќе успеат и дека заедно ќе остават еколошка трага во годините што доаѓаат и за идните поколенија.

– Исто така, оваа локација ја одбравме затоа што се наоѓа близу градот Куманово, во атарот на селото Бељаковце. Овој манастир е еден од поубавите и постарите што ги има во наша близина – црквата е подигната во период од 1892 до 1894 година и претставува тробродна градба со осмострана купола и седмострана апсида, која е ѕидана од преубаво обликувани камени блокови и камени украси и фигури на самата фасада. Исто така, во одреден период од XX-тиот век, во период меѓу двете светски војни, како и по Втората војна, во манастирот бил активен и монашкиот живот, кој постепено престанал некаде во 1970-тите години од XX-тиот век. Исто така, морам да напоменам дека имавме логистичка помош и бевме пречекани со ручек од нашиот член Александар и претставниците на црковниот одбор, Бубе и Марјан, раскажа Стефановски.

 

 

Тој изрази надеж дека наскоро ќе организираат уште вакви еколошки акции со цел обновување на природата и оставање еколошка трага за идните поколенија.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски