Првиот пациент ќе ја заврши вакцинациската терапија со рускиот лек за лекување на меланом во септември, изјави Александар Гинзбург, академик на Руската академија на науките и научен директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.
„Конечната апликација (онковакцина), која во моментов е закажана, ќе биде на почетокот на септември, односно за еден месец“, изјави тој за РИА Новости.
Првиот пациент кој ја прими новата вакцина е 60-годишен жител на регионот Курск. Првата доза „неонковак“ ја примил во април.
Овој лек е развиен во Центарот „Гамалеја“, а се произведува во Рускиот национален медицински истражувачки центар за радиологија.
Руското Министерство за здравство го одобри лекот за клиничка употреба на почетокот на декември.
Вакцината е индивидуално прилагодена на секој пациент врз основа на молекуларните и генетските карактеристики на нивниот тумор.
Како што претходно најави рускиот премиер Михаил Мишустин, Русите ќе можат да се лекуваат со вакви лекови како дел од задолжителното здравствено осигурување, пренесува Танјуг.

