Кина денеска изрази надеж дека ситуацијата во Украина наскоро ќе се деескалира, по силните експлозии што утринава го потресоа Киев и другите украински градови.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг изјави дека Кина добила извештаи, како за експлозијата на мостот Крим што ги поврзува Крим и Русија во саботата, така и за денешните руски удари врз Киев, пренесе Си-Ен-Ен.
Мао ја повтори позицијата на Кина за ситуацијата во Украина, нагласувајќи дека Кина секогаш нагласува дека „мора да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји“.
– Се надеваме дека сите страни ќе можат адекватно да ги решат своите разлики преку дијалог и консултации. Кина е подготвена да продолжи да игра конструктивна улога во промовирањето на деескалација на ситуацијата – рече Мао на прес-конференцијата.
Силни експлозии се регистрирани во главниот град на Украина, Киев, а според последните податоци загинале осум лица, а најмалку 20 се повредени.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.