Крај на евтиното купување од АлиЕкспрес и Тему! Од 1 јули, ЕУ воведува царина за мали пратки

Сподели со своите пријатели

Купувачите кои нарачуваат стока преку платформи како што се Тему, Шеин и АлиЕкспрес наскоро би можеле да се соочат со нови трошоци.

Од 1 јули 2026 година, Европската Унија го укинува претходното ослободување од царина за пратки во вредност до 150 евра и воведува привремена фиксна царина од три евра за стока што доаѓа од земји надвор од ЕУ.

Иако Македонија не е членка на ЕУ, а и веќе воведе данок на сите пратки кои пристгнуваат од овие платформи, овие промени би можеле индиректно дополнително да влијаат и на домашните потрошувачи.

Еве што носат новите правила и како ќе влијаат на вашите пакети од Тему, Шеин и АлиЕкспрес.

Се наплаќа фиксна такса од 3 евра по категорија стока

Новата мерка предвидува наплата на царина од три евра за секоја различна категорија стока во мала пратка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТРАГЕДИЈА НА ФИЛИПИНИ: Пукање во училиште, тројца мртви (ВИДЕО)

Ова во пракса значи дека, ако нарачате пакет што содржи неколку производи од ист тип (на пример, неколку маички), плаќате само три евра.

Сепак, ако комбинирате различни артикли во еден пакет – како што се облека, футроли за телефони и накит – секоја од тие категории ќе се наплаќа одделно, што драстично ќе ја зголеми вкупната цена на нарачката.

Покрај оваа царинска давачка, се споменува и можноста за воведување дополнителна такса за обработка од околу 2 евра по пратка до ноември 2026 година.

Дали пакетите ќе поскапат во Македонија?

Новата давачка се однесува исклучиво на стоки што влегуваат на царинската територија на Европската Унија, што значи дека нашите домашни царински и даночни прописи за пратки од странство сè уште важат за граѓаните на Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Аутсајдер, со поддршка на Трамп, победи на изборите во Колумбија

Сепак, домашните клиенти нема да бидат целосно поштедени.

Со оглед на тоа што дел од стоката за Македонија оди преку европски дистрибутивни центри, зголемените логистички трошоци би можеле да влијаат на цената на испораката за нашите граѓани.

Зошто Брисел ги воведува овие правила?

Само во 2024 година, во ЕУ пристигнале 4,6 милијарди вакви пакети, а податоците покажуваат дека дневно, околу 12 милиони мали пакети влегуваат во Европа, од кои дури 91 процент доаѓаат од Кина.

Целта на новите правила е да се спречи нелојалната конкуренција кон европските трговци, како и построга контрола на производите.

Европската комисија предупреди дека многу евтини производи од овие платформи, особено козметиката, малите електронски уреди и играчките за деца, не ги исполнуваат строгите безбедносни стандарди на Европската Унија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФСБ ја декласифицираше архивата: Откри детали за нацистичките злосторства во СССР

Што ако одбиете да го подигнете пакетот?

Новите правила носат и дополнителен финансиски ризик за клиентите.

Иако сè уште ќе биде можно да се врати стоката, ако не сте задоволни од пакетот и одлучите да го вратите (или да не го подигнете), парите платени за царина и давачки најверојатно нема да бидат вратени.

Трошоците за уништување на непобараните пратки, како и досега, ќе ги сноси државата.

Како дополнителна мерка за заштита на потрошувачите, во јуни ќе стапат во сила промените што ги обврзуваат онлајн продавниците да воведат посебно „копче за раскинување на договор“, така што клиентите ќе можат да откажат нарачка со еден клик, на истиот начин на кој ја направиле.